Северна Кореја ја информира светската јавност за нов „важен тест“, направен на космодромот Сохе во земјата, пренесоа руските медиуми.

– На 13 декември 2019 година, од 22.41 до 22.48 часот по локално време, во космодромот Сохе е спроведена последната значајна проба. Нашите научници од одбраната добија голема чест да бидат удостоени со срдечни поздрави од Централниот комитет на партијата – се наведува во соопштението, објавено од Централната телеграфска агенција на Северна Кореја.

Понатаму се наведува дека резултатите во одбраната, што ги постигнувале еден по друг за толку кратко време ќе бидат применети во зголемувањето на стратегискиот потенцијал за нуклеарното кревање на земјата на уште повисоко ниво.