Цената на руската вакцина „Спутник V“ ќе биде значително пониска од цената на вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“, беше објавено на Твитер профилот.

Како што е наведено, објавените цени од 19,5 долари по доза на вакцината „Фајзер“ и 25 до 37 долари по доза на вакцината на „Модерена“ всушност значат цени од 39 и 50 до 74 долари по лице, бидејќи на една личност и требаат две дози на вакцината „Фајзер“,„Спутник V“ и „Модерна “.

Вакцината „Спутник V“, произведена од Институтот за научно истражување „Гамалеја“, на 11 август доби потврда за регистрација од руското Министерство за здравство и стана првата регистрирана вакцина против коронавирусот во светот.