Законот за јавното обвинителство е клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Македонија, напиша на Твитер државниот секретар во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот.

Тој посочи дека законот е усвоен со дво-третинско мнозинство во Собранието, а сега на потег е ЕУ да испорача.

– Добри вести од нашите пријатели во Северна Македонија: Собранието штотуку го усвои законот за Јавното обвинителство со двотретинско мнозинство. Клучен чекор за владеењето на правото и европската иднина на Северна Македонија. Сега останува на ЕУ конечно да испорача – напиша Рот.