Претседателот на САД, Доналд Трамп го именуваше Ричард Гренел за специјален претседателски претставник за преговорите помеѓу Белград и Приштина, соопшти Белата куќа.

Гренел е актуелниот американски амбасадор во Германија и според медиумите би требало истовремено да ги извршува двете функции. Гренел за функцијата мора да го потврди Сенатот.