Потпреседателката на Собранието, Фросина Ременски на нејзиниот профил на Фејсбук објави дека нема против Обвинтелството да ја истражи нејзината улога во невладината на Бојан Јовановски.

– Да не ги оставам во грижи оние од ВМРО-ДПМНЕ кои здушно ме прозиваат на пресови деновиве, пред утрешната скара, продолжен викенд или излив на „патриотизам“ за празникот 2 Август – Илинден… Добро сум, ич да не се секирате! – напиша Ременски.

Таа додаде дека нема ништо против ОЈО за организиран криминал и корупција да испита каква е нејзината почесна функција во невладината организација на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13.

– Стојам на располагање да им појаснам се што ги интересира, или за се што имаат дилема – потенцираше на Фејсбук Ременски.