Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави денеска дека редовно се тестира за коронавирус и дека сите тестови што ги извршил досега биле негативни.

– Редовно, еднаш на секои три или четири дена. – рече Путин во интервју за каналот Русија-1, одговарајќи на прашањето колку често се тестира.

На прашањето дали резултатите се негативни, тој одговори  – Фала му на Бога, досега беа – пренесува ТАСС.