Рускиот претседател Владимир Путин сам ќе соопшти дали и кога сака да ја прими вакцината против коронавирусот, изјави неговиот портпарол, Дмитри Песков.

– Ако сака и кога сака да се вакцинира, сам ќе информира за тоа – рекол Песков.

Како што потсетил, првата вакцина против ковид-19 е регистрирана во Русија во август, за време на јуни и јули е испитана на добороволци, минатата недела беше пуштена првиот пакет вакцини во цивилен промет. Вакцината го доби името „Спутник 5“.

Путин претходно најави дека втората руска вакцина ќе биде регистрирана во септември.