Делови од човечки тела во кофи, фрижидер полн со машки полови органи и машко тело на кое била сошиена глава од жена биле откриени во рација на ФБИ во сојузната американска држава Аризона.

Како што информираат американските медиуми, рацијата била извршена во поранешен Центар за донација на органи.

Според судските документи кои докажуваат дека во овој центар се случувале настрани работи, продажбата на човечки органи се одвивала од 2014 година. На случајот работат 33 обвинители.

Сопственикот на компанијата, Стивен Гор, ја призна вината за илегална работа во 2015 година откако беше откриено дека продавал заразено ткиво и користел делови од тело на начин на кој донаторите не дозволиле.