Во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, а на планините локално ќе провејува слаб снег, претежно во северните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири степени, а дневната  температура од еден до 11 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд, Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до еден, а дневната до седум степени.

Во четврток и петок ќе биде претежно сончево со значителен пораст на дневната температура, особено во петок кога во поголем дел од земјава максималните вредности ќе достигнат меѓу 15 и 20 степени. Повторно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд се очекува во сабота.