Времето во земјава ќе биде променливо облачно време, повеќе облачност ќе има во јужните делови каде што ќе има услови за слаб локален дожд а на планините слаб снег.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од седум до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно време. Утринската температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 16 степени.

Од петок утринските температури на места ќе се спуштаат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.