Броењето на изборните гласови во четири клучни сојузни држави во САД е при крај. Во Пенсилванија, уште 50.000 гласови добиени по пошта, чекаат да бидат преброени, според Си-ен-ен.

Од Џорџија пристигна изјава на Џо Соренсон, претставник на округот Гвинет, коа е најнаселен во таа држава и на кој припаѓа градот Атланта, во која се најавува дека наскоро ќе заврши пребројувањето на гласовите.

Со преброени 99 отсто од гласовите во Џорџија, Џо Бајден има минимална предност.

Слично е и во Невада, каде Бајден има предност од 1,8 до 93 проценти од преброените гласови и во Аризона, каде Бајден води со еден процент гласови, наспроти 95 проценти од веќе преброените гласачки ливчиња.

Лидерот на републиканците во американскиот сенат, еминентниот сенатор Мич Меконел, на својот профил на Твитер изјави дека секое „законско гласање мора да биде преброено“.


Поддржувачите на Трамп обвинуваат: Софтверска грешка ги намали гласовите за Трамп

Поддржувачите на претседателот Доналд Трамп во Мичиген тврдат дека бројот на неговите гласови можеби е намален поради грешка во софтверот. Додека сите најнови податоци укажуваат на веројатната победа на демократот Џо Бајден, републиканците од Мичиген тврдат дека во округот Антрим илјадници гласови во корист на Доналд Трамп им биле дадени на Џо Бајден и демократскиот кандидат за сенатор Гери Питерс, наместо на републиканецот Џон Џејмс, поради грешка во софтверот.

Врз основа на пребојани 98 проценти од гласовите во Мичиген, Бајден води со 146.123 гласа, па така АП и другите влијателни медиуми во САД веќе објавија дека тој е победник во земјата.

Претседателката на Републиканската партија во државата Мичиген, Лора Кокс изјави дека по грешка му се доделени околу 6.000 гласови на кандидатот за претседател на Демократската партија во округот Антрим, наместо на Доналд Трамп, и за таа грешка го обвини „неуспехот на софтверот“.

Таа додаде дека е откриено дека истиот софтвер се користел во дури „47 области со иста цел“, што е повеќе од половина од 87-те области во таа сојузна држава, а нејзината изјава ја сподели изборниот штаб на Трамп на Твитер.