Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, синоќа објави дека нема да се кандидира на претседателските избори во Полска, поради неговото тешко искуство како премиер на таа земја.

– Нема да бидам кандидат на следните претседателски избори – изјави Туск за Полската телевизија.

Неговата одлука значи дека опозициските сили во Полска немаат кандидат што би можел да му се спротистави на претседателот на Полска, Анджеј Дуда, кој ја поддржува владејачката партија Право и правда. Тој ќе се бори за нов мандат напролет, в година.

Туск, кој беше премиер на Полска од 2007 до 2014 година, се сметаше за политичар кој може да го блокира бранот на десничарите и популизмот во државата.