Лидерите на ЕУ ќе се сретнат повторно на 30 јуни со цел да донесат одлука за водечките функции во Унијата, откако вчера не успеаја да постигнат согласност за време на повеќечасовниот состанок.

Дваесет и осумте лидери на ЕУ не постигнаа заеднички став по преговорите во Брисел затворени за јавноста. 

– Нема мнозинство за ниту еден кандидат. Ќе се сретнеме повторно на 30 јуни – кажа Доналд Туск, претседателот на Европскиот совет.

Лидерите на Германија, Франција, Шпанија, Италија и Холандија се очекува да подготват договор за петте водечки функции, во кои спаѓаат главната позиција во Европската централна банка и претседателското место на Европската комисија, на самиот на Г20 што ќе се одржи во Јапонија на 28 и 29 јуни.