Македонската државјанка С.Т., која беше тешко повредена во несреќата кај Лесковац кога од патот излета автобус со патници од Македонија и се преврте, починала ноќеска во Клиничкиот центар во Ниш, јавува Танјуг.

Ова е четврта жртва од несреќата што се случи на 16 декември, во која шест лица беа тешко повредени, а 32 полесно.

С.Т. заедно со уште една повредена патничка во Клиничката болница во Ниш била приклучена на апарати за дишење. Во нишкиот Клинички центар биле донесени уште четири потешко повредени патници, чија состојба е стабилизирана.

Автобусот на струшката компанија „Еуробус“ на 15 декември во 19 часот тргнал од Битола за Виена и околу 1:40 часот минатата недела наутро се преврте во близина на Лесковац. Во време кога се случила несреќата имало интензивни снежни врнежи.