Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Станува збор за истражување за вакцината произведена од „Астра зенека“ и Универзитетот „Оксфорд“.

Универзитетот во Сао Пауло, кој помага да се координираат клиничките испитувања во третата фаза во Бразил, соопшти дека станува збор за бразилски државјанин.

Според медиумите, сè уште не е познато дали волонтерот примил вакцина или плацебо.