фото Игор Бансколиев

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас,  денеска во Преспа го потпишаa договорот постигнат меѓу двете земји во врска со името.

Според постигнатиот договор, официјалното име на земјава за севкупна употреба ќе биде Република Северна Македонија.

На потпишувањето во Псарадес на грчка страна од Преспанското Езеро, присустуваа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои на 12 јуни во телефонски разговор го потврдија договореното во преговорите, што беа обновени кон крајот на минатата година.