Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје Министерството за здравство регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје- осум, по двајца пациенти во Прилеп, Струга и Велес и по еден во Гостивар и Кратово.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 79-годишна возраст, хоспитализирана како сомнителна на ковид-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на ковид-19 и тоа во Скопје – девет, по еден во Куманово, Велес и Охрид, во Прилеп се потврдени четири нови случаи и во Тетово- шест.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.762, бројката на оздравени пациенти е 1.267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 601, активни 134
• Куманово – 414, активни 44
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-35, активни 1
• Прилеп –197, активни 65
• Тетово – 137, активни 74
• Струга – 69, активни 4
• Велес – 114, активни 48
• Битола –26, активни 7
• Охрид –18, активни 3
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –19, активни 2
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 2, активни 0
• Крива Паланка- 6, активни 2
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 4
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 1
• Виница – 2, активни 0
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се шест пациенти, од кои четири се префрлени од ГОБ „8 септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментов вкупно се хоспитализирани 46. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се двајца пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се осум нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се шест пациенти и уште двајца се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се хоспитализирани четири, на домашно лекување се следат уште двајца пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно четири, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.