Дваесетина земји од Европската Унија денеска гласаат на европските избори, откако вчера гласаа Летонија, Малта и Словачка, а претходно гласаа и Британците, Холанѓаните, Ирците и Чесите.

Од четвртокот до денеска околу 418 милиони гласачи низ 28 земји на ЕУ може да учествуваат на изборите, во едни од најголемите светски демократски избори.

Денеска гласаат 21 земја. Избори има во Германија, Франција, Австрија, Полска, Шведска, Финска, Данска, Бугарија, Романија, Италија, Словенија, Хрватска, Грција, Малта, Белгија, Луксембург, Шпанија, Португалија, Естонија, Литванија и Унгарија.

Изборите започнуваат нов политички циклус во ЕУ, кој вклучува и промена на водството на нејзините институции. Исто така, изборите доаѓаат во време на планирано излегување на Велика Британија од Унијата, како и закани кои следат од надвор и од внатре, велат аналитичарите.

Истражувањето на јавното мислење покажува дека крајно десничарските политички партии би можеле добро да поминат, што потенцијално би можело да го загрози носењето на одлуки во ЕУ во наредните пет години.

Одзивот на изборите на ЕУ вообичаено е низок, што на маргиналните партии им оди во прилог.

Привремените резултати во сите земји ќе бидат објавени денеска во 23 часот, кога се затвораат гласачките места, во последната земја на ЕУ, Италија.