Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска пристигнува во Охрид, каде што ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев.

Се очекува на средбите во Охрид, Помпео уште еднаш да ја истакне важноста на Преспанскиот договор. Според САД, Западен Балкан е стратешки важен за идејата за обединета Европа и затоа посетата на Помпео на регионот треба да послужи „за потврда на сојузништвото со 29-та (Црна Гора) и 30-та (Македонија) членка на НАТО.

Предвидено е Помпео да ја посети и црквата „Света Богородица Перивлепта“, што беше реновирана и конзервирана со средства обезбедени преку УСАИД.

Американскиот државен секретар ја започна посетата од Ватикан, од каде што замина за Црна Гора, а по посетата на Македонија заминува за Грција.