Десетици полицајци се распоредени пред болницата „8 Септември” во Скопје по пријава од докторка која добивала закани од роднини на лице кое било хоспитализирано во ковид-центарот.

Пред болницата има пет полициски возила и едно полициско комбе, како и униформирани и неуниформирани полицајци.

Според неофицијални информации, роднините сакале да го подигнат телото на починат без протоколот кој се спроведува за сите починати лица во изминатиот период поради пандемијата на коронавирус.

Полициските службеници веднаш интервенирале пред болницата и роднините на починатиот се очекува да бидат спроведени во полициска станица.

МВР повеќе детали најавува за подоцна.