Црна Гора останува активно посветена на приоритетите и насоките на делување на НАТО, вклучувајќи ја и политиката на отворени врати и поддршката за интеграцијата на Република Македонија, како и за присуство во мисиите на Алијансата, изјави црногорскиот претседател, Мило Ѓукановиќ на средбата со командантот на сојузничката команда за трансформација на НАТО, Андре Ланата.

Како што пренесува „Танјуг“, Ѓукановиќ изразил задоволство поради посетата на командантот во момент кога Црна Гора со гордост одбележува две години од членството во Алијансата.