Утрово од коронавирус почина пациентка на 66 годишна возраст од околината на Струга, информираат од Министерството за здравство.

Таа и нејзиниот сопруг биле дијагностицирани позитивни на вирусот во текот на вчерашниот ден.

Според информациите на Министерството за здравство, станува збор за пациентката која имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок.

– Според епидемилошката анкета, семејството на починатата жена непосредно пред прогласувањето на кризната состојба во Дебар, 13 март, биле на гости во Дебар и имале контакт со еден од тамузаболените доктори, а по сознанието дека и тој е позитивен на коронавирус, семејството било во домашна самоизолација. Откако се јавиле првите симптоми кај починатата, таа на 24 март закажала тестирање на коронавирус преку својот матичен лекар. Материјал за тестирање е земен на 26 март, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден – велат од министерството.

Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.

Министерството најавува целосно ревизија на случајот за да се утврди дали има лекарски пропуст во овој случај.

Во текот на вчерашниот ден направено е тестрирање на персоналот на Клинката за кардиологија, сите тестови се негативни на ковид-19.

Досега од коронавирус во Македонија починаа четири лица.

Во изминатите 24 часа, потврдени се нови 22 случаи на коронавирус, со што бројот на заразени се искачи на 241 лице.