Околу 100 лица се евакуирани, а две училишта се затворени поради истекување на гас во Лоренс, град во американската држава Масачусетс, којa минатата година беше погодена од серија експлозии на гас и пожари.

Шефот на локалната противпожарна служба, Брајан Моријарти, рече дека истекувањето на гасот е забележано околу 3:15 часот по локално време.

Во погодената населба, прекинато е снабдувањето со гас и електрична енергија, а агенцијата АП пренесе дека засега нема информации за експлозија или пожати.

Градоначалникот на Лоренс, Ден Ривера, изјави дека две училишта се затворени.