Примарната цел на Русија е да ја спречи евро-атлантската интеграција во регионот, да го држи поделен, слаба и зависен од политичката поддршка на Москва, рече американскиот заменик помошник државен секретар на САД, Метју Палмер.

– Русија сака да го спречи договорот меѓу Србија и Косово, Босна и Херцеговина да стане функционална држава, патот на Црна Гора и Северна Македонија кон НАТО – рече Палмер пред Поткомитетот на Сенатот за Европа и регионалната безбедност.

Според него, непризнавањето на статусот на Косово од Србија е најголемиот адут којшто Москва го има во ракавот кога станува збор за Србија.

– Интересите на Кина во Западен Балкан се покомерцијални – рече Палмер. Тој, исто така, ја гледа Турција како значаен играч на Балканот, за која вели дека го гледа регионот како „свој двор“.