Американските амбасадори од регионот на синоќешниот прием

Помошник-државниот секретар на САД и специјален претставник за западен Балкан, Метју Палмер утринава е на средба со премиерот Зоран Заев во Владата.

Палмер вчера оствари средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на ДУИ Али Ахмети.

Амбасадорите на САД во Југоисточна Европа, кои одржуваат консултации во Скопје под раководство Палмер, синоќа беа на работен прием чиј домаќин беше шефот Никола Димитров.

Димитров е задоволен бидејќи Скопје е избрано за домаќин на регионалната конференција на американските амбасадори во Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, БиХ, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија, како што соопшти Министерството за надворешни работи.

– Благодарни сме бидејќи споделуваме заедничка визија за регионот. Завршивме голема работа, постигнувајќи компромиси. Ние ја создаваме иднината во корист на нашите земји – рече Димтров на приемот.

Одржувањето на овој состанок на амбасадорите на САД во Скопје, според Димитров, е дополнителна потврда за цврстото партнерство помеѓу Македонија и САД и претставува можност за размена на мислења од заеднички интерес за двете земји.