Во Пекинг, 11 станбени области се под карантин поради појавата на ново жариште на коронавирус во околниот пазар, соопштија кинеските власти.

Седум лица биле заразени со вирусот во близина на пазарот, соопштија властите, додавајќи дека се затворени девет училишта и градинки.

Според најновиот биланс, повеќе од 425.000 луѓе починале од ковид-19 во светот, додека седум милиони и 632.517 лица се заразиле.