Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оцени дека постојат сериозни можности за решение на спорот со Бугарија до крајот на годината.

Шефот на дипломатијата нагласи дека клучно ќе биде дали ќе има страна во Бугарија која ќе разговара во однос на овие прашања.

– Сметам дека има сериозни прозорци на можност за решавање на спорот до крајот на оваа година и сите се ангажирани. Прозорците се пред и по нашите избори, септември, октомври и декември, и мислиме дека постои шанса да се најде решение. Сепак, не сакам да се врзуваме со датуми поради тоа што општеството живее со тие рокови и со тие надежи и фрустрации на датуми и рокови – изјави Османи.

Министерот посочи дека моментно е важно да се формираат институциите во Бугарија за да може да имаме дијалог којшто ќе произведе резултати.