Истражителите на Обединетите нации(ОН) денеска го осудија нападот за кој се претпоставува дека е извршен со хемиско оружје во сирискиот град Дума и нагласија дека е потребно да се зачуваат доказите за идни кривични прогони.

– Сторителите на таквите напади мораат да бидат идентификувани и мора да бидат повикани на одговорност – објави во соопшение меѓународната комисија на ОН за истрага во Сирија, потсетувајќи дека употребата на такво оружје е строго забранета со меѓународен договор, што го ратификувала и Сирија.

– Нагласуваме дека е апсолутно неопходно да се зачуваат доказите и ги повикуваме сите релевантни тела да се погрижат ниту една страна да не ги загрози локациите, предметите, очевидците или жртвите пред независните посматрачи и истражители да успеат да дојдат до погоденото подрачје – се вели во соопштението.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш соопшти дека првиот тим експерти за хемиско оружје пристигнал во Сирија, додека вториот тим би требало да пристигне доцна вечерва или во сабота.

Светската здравствена организација(СЗО) соопшти во среда дека во сирискиот град Дума околу 500 луѓе морале да примат лекарска помош заради „симптоми кои упатуваат на изложеност на токсични хемикалии“.