Маврово ќе биде модерно туристичко место кое ќе функционира 365 дена во годината. Ова е дел од мастер планот на Гир Олсен од Норвешка, еден од главните луѓе задолжени за реализација на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија, во 2014 година. Олсен, моментно, е ангажиран како консултант кој треба да помогне да се креира новиот модерен изглед и иднината на скијачкиот центар Маврово.

Тој планира Маврово да го претвори во модерно туристичко место кое ќе функционира 365 дена во годината.

– Прво работиме да видиме што можеме да сториме ова лето за да ја унапредиме следната сезона. Сепак, сакаме да гледаме подолгорочно, не само две и пол или 10 години напред, туку и 40 нанапред. Ако ја погледнете историјата, ќе видите дека овој центар бил изграден пред околу 40 години и гледаме каде сме денес. Со овој мастер план мораме да гледаме за следните 40 години, како ќе изгледа ова место за толку години отсега – вели Олсен.

Човекот кој ја предводеше изградбата на центарот „Роза Кутор“ во Сочи објаснува дека луѓето кои доаѓаат тука како туристи, ќе видат големи промени од година во година, во наредните две-три години. Следниот чекор ќе биде гондолата.

– Имам добро чувство дека ќе успееме и дека летото ќе биде еднакво важно како и зимата. Ако, на пример, бевме тука, сега, со велосипед, тогаш можете ли да замислите подобро возење со велосипед, отколку да дојдете низ овој пат од каде доаѓа сонцето. Никој тука не вози велосипед, но ако ова место беше некаде на средината на Европа би имало стотина велосипедисти сега – објаснува Олсен.

Сепак, според него, неопходно е да се работи на поголема еколошка свест и на зачувување на традицијата и идентитетот на Маврово.

Гир Олсен од Норвешка ќе ја креира иднината на ски центар Маврово

Гир Олсен од Норвешка, еден од главните луѓе зад Зимските олимписки игри во Сочи, е ангажиран како консултант кој треба да помогне да се креира новиот модерен изглед и иднината на скијачкиот центар Маврово

Posted by Види Вака on Понеделник, 17 јуни 2019

Видеото и сликите се од Vidi Vaka, Vertigo Visual I SkiMacedonia