Попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните подрачја. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 7 до 14 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 9 степени.