Фото: Маја Јаневска-Илиева

БЕСА ќе расправа дали да остане во владејачката коалиција

БЕСА на денешното централно претседателство ќе расправа дали да ја напушти владејачката коалиција, по одлуката на Државната изборна комисија за прегласување во Желино, објавуваат повеќе медиуми повикувајќи се на партиски избори.

Незадоволство од одлуката за прегласување во тетовско Желино, каде што победи кандидатот на БЕСА, изрази и партискиот генерален секретар и министер за земјоделство Аријанит Хоџа.

– Желино, кадешто се роди една партија (како Движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада – напиша Хоџа на Фејсбук.

ДИК прифати еден од двата приговора од ДУИ за Желино, што е доволно за да има прегласување. Преговорите се однесуваа за несовпаѓање на отпечатоците од прст и на гласањето на еден избирач со неважечка лична карта. БЕСА има право на жалба до Управниот суд.

БЕСА има четири пратеници, чие евентуално напуштање на владејачката коалиција би можело да ја урне владата, со оглед на парламентарното мнозинство од 62 пратеника.