Осумката од Независната група од ВМРО ДПМНЕ бара место во работните групи за измени на Изборниот законик „со цел демократизација на општеството и со тоа позадоволни граѓани“.

– Функцијата на Собранието во парламентарна демократија каква што е и РС Македонија треба да се надоградува. Во таа насока, време е за прашања значајни како Изборниот законик да се зборува транспарентно и со учество на повеќе страни. Пратеници, граѓански сектор, јавноста, треба да бидат дел од овој процес за истиот да заврши позитивно и како што е најдобро за демократијата. Никој нема ексклузивно право над овие значајни прашања, а нашето учество ќе го обогати процесот и ќе допринесе за поквалитетно решение – се вели во соопштението.