Во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Досега во земјата се направени вкупно 17.246 тестирања на коронавирус.

Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се сеуште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.