На глобално ниво, ширум светот од коронавирусот се заразени 2.407.699 луѓе, а 165.093 починале како последица од инфекцијата. Во исто време, 625.419 луѓе закрепнале од ковид-19, покажуваат најновите статистички податоци. Најмногу заразени и починати има во САД.

Според веб-страницата Worldometers, 764.265 лица се заразени во оваа земја, а 40.565 починале.

Во Шпанија, 198.674 луѓе заболеле, а 20.453 починале.

Во Италија има 178.972 инфицирани, додека бројот на смртни случаи е 23.660.

Во Франција се потврдени 152.894 случаи на коронавирус, а починале 19.718 лица.

Германија има 145.742 пријавени случаи, но ниска е стапката на смртност со вкупно 4.642 починати, додека во Велика Британија се пријавени 120.067 случаи при што починачле 16.060 пациенти.