Уапсениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, е пренесен во болница поради можни респираторни заболувања и е тестиран за коронавирус, објави весникот „Известија“, повикувајќи се на затворската служба, пренесува „Ројтерс“.

Навални претходно изјави дека има треска и силна кашлица и дека тројца од 15-те затвореници во неговото одделение се лекуваат во болница од туберкулоза.

Четириесет и четиригодишниот Навални, еден од најистакнатите критичари на претседателот Владимир Путин, минатата недела објави дека штрајкува со глад.

Навални, исто така, тврди дека управата во затворот не му обезбедила соодветна медицинска нега за болките шт ги има во грбот и нозете.