Германската болница во која од Омск беше пренесен рускиот опозиционер Алексеј Навални објави дека првите резултати укажуваат дека тој навистина бил отруен. Според изјавата од берлинската болница, медицинскиот совет кој се грижел за рускиот опозиционер утврдил присуство на „инхибитор на холинестераза“ во неговото тело.

Станува збор за хемикалии кои често се наоѓаат во лекови за Паркинсонова болест, но берлинските лекари тврдат дека сè уште не ја утврдиле во целост која супстанција е.

– Пациентот во моментот е на интензивна нега и се уште е во индуцирана кома. Неговата состојба е сериозна, но тој во моментот не е во опасност – соопшти берлинската болница.