Претседателот на Боливија, Ево Моралес го одби барањето на опозицијата да поднесе оставка. Тој смета дека треба да се почека меѓународната проценка за неодамнешните избори, а опозицијата не ги признава резултатите.

Моралес за државното радио изјави дека неговите политички противници сакаат да извршат воен удар и обвини дека е жртва на расизам, бидејќи е првиот боливиски претседател со домородно потекло.

Моралес победи на претседателските избори на 20 октомври, но опозицијата обвинува дека изборите се лажирани.Тој е претседател на Боливија 14 години.