Барањата за зголемување на платите на наставниот кадар ќе бидат главна тема и на денешната средба помеѓу Министерството за образование и наука (МОН) и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), на која ќе присуствува и премиерот Зоран Заев.

Премиерот ја најави средбата вчера, одговарајќи на пратеничко прашање, при што истакна дека верува оти ќе се најде решение за платите на наставниот кадар. Тој посочи дека платите на наставниците за време на мандатот на сегашната Влада се зголемиле за 10 отсто, додека СОНК во преговорите понудил покачување од уште десет проценти, што кумулативно пресметано би изнесувало 21,4 отсто.

СОНК и МОН не постигнаа договор на средбата во вторникот, по што најавија повторна средба неделава.

Министерот Арбр Адеми претходно посочи дека биле разгледани повеќе опции за кои е потребно доплолнително време за разгледуваање.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков истакна дека за нив се спорни две точки – зголемувањето на платите да биде поголемо од десет проценти и да почне од 1 јануари в година.

Од СОНК најавија генерален штрајк за 11 ноември доколку не се постигне договор, бидејќи не се согласуваат со ставот при кој останува МОН за зголемување на платите за 10 проценти во април.