Британската премиерка Тереза Меј му честита на Стево Пендаровски за преземањето на должноста претседател на Македонија.

– Честитки за вашата инаугурација како претседател на Северна Македонија. Јас бев сведок на силната врска помеѓу Северна Македонија и Велика Британија за време на мојата посета минатата година и се надевам на уште поблиска соработка меѓу нашите земји – напиша Меј на Твитер.