Американската технолошка компанија „Мајкрософт“ вчера потврди дека води разговори со кинеската компанија „БајтДенс“ за купување на популарната социјална апликација „ТикТок“.

„Мајкрософт“ соопшти дека ја продолжува соработката со американските власти по прашањето за договор и дека планираат да ги завршат разговорите до 15 септември.

Ако се постигне договор, „Мајкрософт“ истовремено би можел да ги реши контроверзите во Вашингтон, но и да ја зголеми својата сила во подрачјето на потрошувачките технологии.

Соопштението е објавено два дена откако медиумите информираа дека „Мајкрософт“ е заинтересиран за купувањ ена апликацијата „ТикТок“.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е против идејата „Мајкрософт“ да го купи „ТикТок“ и дека ќе се забрани оваа апликација во САД, бидејќи смета дека компанијата ги дели со Пекинг податоците од корисниците.