Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Република Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“.

Коминикето за воспоставување дипломатски односи вчера во седиштето на Обединетите нации во Њујорк го потпишале амбасадорот на Јужна Кореја, Чо Тае-јул, и претставничката на Мисијата на Република Македонија во ОН, Сања Зографска Крстеска.

– По воспоставувањето на дипломатските односи, Јужна Кореја очекува засилени билатерални врски со Северна Македонија на политички и на економски план, како и зајакнување на соработката во балканскиот регион – соопшти Министерството.

Новинската агенција наведува дека Македонија е 191-ва земја која има воспоставено дипломатски односи со Јужна Кореја.

Сирија, Косово и Куба остануваат трите членки на ОН кои допрва треба да воспостават дипломатски врски со Кореја.