Полицијата на Санкт Петербург и на Ленинградскиот регион соопшти дека денеска била ограбена експозитурата на банка, пренесе ТАС С.

– Нешто пред 17 часот во полицијата на Санкт Петербург е пријавено дека неидентификуван маж, со медицинска маска, упаднал вооружен во експозитура на „Совк банк“. По влегувањетѕо во банката, ограбувачот испукал куршум од огнено оружје, а потоа со закана до службениците во банката украл околу 56,5 илјади долари и побегнал – соопштила полицијата.

Во тек е акција за лоцирање на крадецот и отворена е истражна постапка.