Договорот треба да биде комплетен, целосен и конечен и да ја разликува соседната земја од Македонија, вели одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија во интервју за весникот „Real News“.

– Владата е повикана да донесе договор што ќе биде комплетен, целосен и конечен. Што ќе го разликува, на комплетно јасен начин, нашиот северен сосед од Македонија. Ова, не е изводливо – смета Кумуцакос и додава дека ова е нешто што лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, навремено го истакнал.

Кумуцакос во интервјуто вели дека „неодамнешните изјави од Скопје ставија кочница на целосно неопходната ревизија на Уставот на соседната земја и на спроведување на договореното име за сите употреби“.

Според него, ваквата разврска е негативна за Грција, а „прашањето не е дали продолжуваат преговорите, туку како продолжуваат и каде водат“.