На Сеат Кочан му се покачил притисокот во Идризово, по што превентивно му е ставена инјекција, пренесуваат повеќе македонски медиуми, повикувајќи се на информации од затворот. 

Повисокиот притисок е последица на шокот и стресот по сместувањето во затворот, а инјекцијата е дадена како превентива за смирување, додека ќе се следи неговата состојба, според последните информации.

Кочан од синоќа е сместен во приемното одделение на затворот откаде допрва треба да биде префрлен во ќелија, на одделение со други затвореници.

Тој синоќа беше донесен во Идризово на издржување на затворската казна од четири години и осум месеци поради злоупотребна на постапката при јавна набавка во предметот „Труст“.