Меѓународната програма за споделување вакцини „Ковакс“ планира да испорача низ сиромашните земји од светот една третина од милијарда дози вакцини против ковид-19 до средината на годината.

Директорот на ГАВИ, Сет Беркли, истакна дека програмата испорачала речиси 38,4 милиони дози вакцини во 102 држави на шест континенти, шест недели откако почна да издава залихи.

Во Македонија, преку Ковакс механизмот досега пристигнаа 24.000 дози вакцини од производителот „Астра зенека“. Според предвиденото, вкупно 100.800 дози од оваа вакцина би требало да проистигнат во земјава. Во моментот, со „Астра зенека“ се вакцинираат лицата постари од 60 години.