Кина ги повика сите земји да ги здружат напорите за борба против новиот коронавирус, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли.

– Коронавирусот ги преминува границите, затоа се потребни обединети напори на меѓународната заедница. Во оваа борба за јавно здравје, најважно е меѓусебното разбирање, довербата и поддршката преку границите – вели Ванг по разговорот со германскиот министер за надворешни работи, Хаик Мас, во Минхен, Тас.

Досега, од коронавирусот има предизвикано предвремена смрт кај 1.383 лица, а има заразено 64.435 лица ширум светот.