Украински затвореници, меѓу кои и морнари и филмскиот режисер Олег Сенцов, патуваат со авион за Украина, по завршување на постапката за размена на затвореници со Русија.

Јавниот обвинител од Украина на неговиот фејсбук-профил соопшти дека размената е завршена.

Ослободувањето на притворените Украинци во Русија, беше едно од предизборните ветувања на новиот претседател на Украина, Володимир Зеленски.