На денот на независноста на Македонија, во Мелбурн беа запалени државни симболи-знамиња на три соседни земји на Македонија, како и макети со ликовите на премиерот Зоран Заев и актуелната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.На тој начин, група иселеници во Мелбурн, кои се самите се легитимираа дека се со потекло од Македонија, протестираа пред конзулатот на Република Македонија против промената на името и Преспанскиот договор. Тие ги запалиле знамињата на Грција, Бугарија и Албанија, а потоа и подготвените макети од Заев и Шекеринска. Тие го развиле и првото знаме по осамостојувањето на Македонија, со сонцето на Кутлеш.

Иако протестите се легитимен чин на изразување на граѓанско незадоволство, сепак палењето на државни знамиња и симболи ја преминуваат црвената линија на цивилизирано однесување. За осуда е ваквиот радикален чин на граѓански протест со кој се изразува екстремизам, нетолерантност и шовинизам за други народи и држави. На тој начин учесниците на протестот, ако воопшто имаат некакви патриотски намери, за што се изразува длабок сомнеж, направија сериозен инцидент на штета на Македонија. Ваквиот инцидент е проследен и со сомнеж дека групата граѓани и нивниот чин се всушност подметнати од сили што не и мислат добро на Македонија.