Илјадници луѓе пристигнаа во Хјустон, каде му оддадоа почит на Џорџ Флојд во неговиот роден град во понеделникот, чие убиство предизвика бран антирасистички протести низ САД и во светот.

Комеморацијата во Хјустон, Тексас е последната од трите собири за 46-годишниот Флојд пред тој да биде погребан на приватна церемонија. Џо Бајден, поранешниот потпретседател на САД и актуелен претседателски кандидат на демократите, се сретна со семејството на Флојд и се очекува да присуствува денеска на неговиот погреб.

На комеморацијата присуствуваа и семејства на други афроамерикански жртви на убиства, кои исто така предизвикаа бес во јавноста, меѓу кои и роднини на Ерик Гарнер, Мајкл Браун, Ахмауд Арбери и Трајвон Мартин.

Полицискиот службеник во Минеаполис, Дерек Шовен, беше официјално обвинет во понеделникот за убиството на Флојд. Неговото сослушување се совпадна со комеморацијата во Хјустон, пренесува „Вашингтон пост“.