Одборот на американскиот Претставнички дом, каде мнозинство се демократите, одобри обвинение за злоупотреба на власта и попречување, против претседателот на САД, Доналд Трамп.

Правосудниот одбор на Конгресот гласаше со 23 наспроти 17, за одобрување на обвинението со кое Трамп се товари за злоупотреба на власта на неговата канцеларија, за да изврши притисок на Украина да истражи негов полтички ривал, најверојатниот демократски кандидат Џо Бајден и неговиот син, Хантер, кој работел во одборот на украинска енергетска компанија.

Одборот одобрил уште едно обвинение, кое го товари Трамп за попречување на работата на Конгресот.

– Денеска е свечен и тажен ден. Домот ќе делува многу брзо – истакна претседавачот со Комитетот, Џери Надлер, веднаш по гласањето.